Носителот на „жолтата маица“ и лидер во генералниот пласман, Британецот Крис Фром, победи на денешната 15.етапа на Тур Д‘ Франс што се возеше од Живор до Монт Венту во должина од 242 километри.
Ова беше најдолгата етапа на 100-то издание на Тур.
Фром патеката ја мина за 5 часа 48 минути и 45 секунди и ова за него беше втора етапна победа.
Тој со оваа победа само ја зголеми прдноста во генералниот пласман и сега има 4 минути и 14 секунди пред Бауке Молема од Холандија и 4:25 минути пред Шпанецот Алберто Контадор.
Денеска второпласиран беше Колумбиецот Наиро Куинтана, а трет целта ја мина Шпанецот Микел Ниеве.
На Тур Д‘ Франс утре е ден за одмор.