Американскиот медиумски гигант Либерти за сума од шест милијарди фунти ја купи Формула 1. Извршен директор ќе остане Берни Еклстон, а на чело на компанијата ќе застане Чејс Кери, претседателот на Либерти.
„Новите сопственици сакаат да останам уште три години. Сакам да им помогнам со своето искуство кое го имам“, изјавил осумдесетгодишниот Еклстон.
Според британските медиуми со ова превземање извршниот директор Еклстон, кој во Формула 1 има 5,3 отсто од акциите, ќе заработи нешто повеќе од 300 милиони фунти.
Состанокот на одборот на Формула 1 е закажан за 13.септември, кога целата зделка треба да биде официјализирана.