Лејвер куп: Светот не се предава, намали на 7:5 во пресметката со Европа

Од:

На ревијалниот тениски „Лејвер куп“ во Чикаго каде играат селекциите на Светот и на Европа резултатот по вториот ден е 7:5 за тенисерите од „Стариот континент“.

Ноќеска изненадување направи Кевин Андерсон од Јужноафриканската Република со победата над Србинот Новак Ѓоковиќ со резултат 2-1, по сетови 7:6; 5:7 и 10:6.

Во игра на двојки, Сок/Кирјос беа поуспешни од Гофин/Димитров со 2-0, по сетови 6:3 и 6:4.

Вечерашната програма почнува во 20 часот со мечот меѓу Џон Изнер (САД) и Роџер Федерер (Швајцарија).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Познат тенисер по поразот не сакаше да се ракува со Ѓоковиќ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Инцидент во Лондон: Навивач истрча на теренот и се запали пред Ѓоковиќ, Надал и Федерер

А1он

„Лејвер куп“ пред преселба во Лондон

ВИДЕО: Европа го освои „Лејвер купот“

Наум Локоски