Левандовски прв фудбалер во Бундеслигата кој стана најдобар стрелец во три последователни сезони

Од:

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски постигна најмногу голови во германската Бундеслига која заврши денес. Полскиот фудбалер стана првиот играч во историјата на првенството кој ја освои титулата најдобар стрелец во три последователни сезони.

На сметка на Полјакот оваа сезона се 34 погодоци за 31 натпревар. Левандовски и денес постигна гол во триумфот над Волзсбург со 4:0.

Претходно, Левандовски беше прогласен и за најдобар играч во Бундеслигата за оваа сезона.

По Левандовски на листата на стрелците се Тимо Вернер од Лајпциг со 28 гола на 34 натпревари и Џејдон Санчо со 17 гола на 17 натпревари.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Левандовски подобри рекорд од 1969 година

Левандовски во клубот 100

Предраг Петровиќ

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Левандовски се врати во Минхен за да се збогува со соиграчите од Баерн

Гвардиола: Левандовски не беше „срцето“ на Баерн