Левандовски ја игра најпродуктивната сезона во својата кариера

Од:

Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски, постави нов личен рекорд. Тој со денешниот погодокот против Баер во натпреварот од 30-то коло од Бундеслигата ја игра најефикасната сезона во неговата кариера. Триесет и едногодишниот Полјак има 44 гола во сите натпреварувања.

Тој претходно постигна 43 гола во една сезона.

Левандовски има 30 голови (28 натпревари) во Бундеслигата, трет пат постигнува ваков резултат во досегашниот дел од сезоната. Претходно така беше во 2015/16 и 2016/17.

Левандовски е лидер и во најдобрите пет европски првенства. По него следуваат

Чиро Имобиле од Лацио (27 гола, 26 натпревари), Тимо Вернер (РБ Лајпциг, 25 голови, 30 натпревари), Кристијано Роналдо (Јувентус, 21 погодок, 22 натпревари), Џејми Варди (Лестер, 19 голови, 26 натпревари) и Лионел Меси (Барселона 19 гола, 22 натпревари).

Би можело да ве интересира

Матијс Тел влезе во историјата, а Штутгарт освои бод против Баерн

Левандовски одлучил да го напушти Баерн

А1он

Сане: Баерн е еден од фаворитите во Лигата на шампионите

Ландов

ЛШ: Натпреварот Баерн – Барселона без публика

А1он

Баерн и Јувентус први осминафиналисти во Лигата на шампионите

А1он

Баерн израмни бундеслигашки рекорд стар 57 години

А1он