По завршувањето на првото продолжение од финалниот дуел Германија-Аргентина Лев му даваше совети на Геце кој влезе потоа и го реши мечот.
Германските новинари го прашале Лев што му рекол на херојот на Германија:
„Му реков на Марио да му покаже на светот дека е подобар од меси и да влезе и да го одлучи Светското првенство, имав добро чувство. Геце е чудо од дете. Може да игра на секоја позиција. Знаев дека може да олучи и постигна преубав гол“, изјави Лев кој во германската репрзентација е од 2004 година како асистент на Клинсман и потоа како селектор.