Ленс казнет поради навивачките инциденти

Од:

Францускиот фудбалски прволигаш Ленс ќе игра два домашни натпревари без присуство на публика поради навивачките немири што се случија на саботното првенствено дерби против Лил, соопшти денеска дисциплинската комисија на француската лига.

Навивачките инциденти на натпреварот меѓу Ленс и Лил се случија на полувремето поради што продолжението доцнеше повеќе од половина час, а под знак прашање беше дали дуелот воопшто ќе може да се одигра.

До инцидентите дојде кога гостинските навивачи почнаа да фрлаат разни предмети на трибините со навивачите на Ленс, по што домашните навивачи втрчаа на теренот и се упатија кон трибината каде беа сместени гостинските навивачи. Дојде до физички пресметки, а инциденти од поголеми размери спречија интервентната полиција и редарските служби.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска