Леклер со пол-позиција во Австрија

Од:

Шарл Леклер и Ферари ги освоија квалификациите за пол-позиција пред Големата награда на Австрија со феноменално темпо и нов рекорд на патеката „Ред бул ринг“. Луис Хамилтон и Мерцедес останаа втори со скоро три десетини зад себе, додека трет остана Макс Верстапен во домашната трка на „биковите“.

За Ферари, сепак, чувствата повторно се измешани, бидејќи Себастијан Фетел имаше проблеми со болидот и не успеа да излезе на патеката во завршната фаза од квалификациите.

Четврто место освои Валтери Ботас со Мерцедес, следен од Кевин Магнусен и Хас, што е исклучително постигнување за тимот од САД.

Аплаузи си освои и Ландо Норис со Мекларен, кој заврши шести, по што следеа двата автомобила на Алфа Ромео.

Пјер Гасли со Ред Бул се жалеше на проблеми со моќноста на болидот и остана само деветти. Десетти утре ќе тргне Себастијан Фетел.

Би можело да ве интересира

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Во Формула 1 вакцините против Ковид станаа задолжителни

А1он

Еклстоун: Нема луѓе како Раиконен во Ф1, сите станаа како роботи

Ана Ололовска

Доменикали: Се надевам на продолжување на битката Верстапен – Хамилтон, но сметам и на други тркачи

Ана Ололовска

Биното: Кој ќе биде прв возач на Ферари ќе биде одлучено на патеката

Ана Ололовска

Нико Розберг бара промени во Формула 1

А1он