Лекар ја откри тажната вистина за Шумахер

Од:

Познатиот италијански неврохирург Никола Акчари ја коментираше состојбата на легендата во Формула 1, Михаел Шумахер.

– Јасно е дека тој никогаш нема да биде ист човек. Немојте да се изненадите ако го видите еден ден и тој има изгубено мускулно и коскено ткиво. Неговата состојба наметнува грижа не само на мозокот, туку и интензивна нега на целото тело. Тоа е многу деликатна ситуација која често доведува до смрт кај луѓе со понизок економски статус. Ова е тажната вистина …, изјавил италијанскиот лекар за „Мотоспорт“.

Пред шест години – кон крајот на 2013 година, Шумахер удри со главата во карпа при ски-инцидент, по што беше подложен на повеќе операции и закрепнува во домашна средина веќе неколку години.

Би можело да ве интересира

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Во Формула 1 вакцините против Ковид станаа задолжителни

А1он

Еклстоун: Нема луѓе како Раиконен во Ф1, сите станаа како роботи

Ана Ололовска

Доменикали: Се надевам на продолжување на битката Верстапен – Хамилтон, но сметам и на други тркачи

Ана Ололовска

Биното: Кој ќе биде прв возач на Ферари ќе биде одлучено на патеката

Ана Ололовска

Нико Розберг бара промени во Формула 1

А1он