Лејкерси го повлекоа дресот на Шекил О’Нил

Од:

ЛА Лејкерси го повлекоа дресот со бројот 34 кој Шекил О’Нил го носеше додека настапуваше за славниот НБА тим од Лос Анџелес. Оддавајќи му признание за се што има направено за нив, челниците на Лејкерси го повлекоа од употреба дресот на славниот центар.

Лејкерси церемонијата на која присуствуваше О’Нил ја направија на полувремето од синоќешниот дуел против Далас, кога неговото име се најде меѓу клупските великани Вилт Чембрлен, Карим Абдул – Џабар, Џери Вест, Елџин Бејлор, Гејл Гудриџ, Џамал Вилкс, Меџик Џонсон и Џејмс Ворти.

О’Нил се заблагодари на укажаната чест, а честитки доби од славниот тренер Фил Џексон и од големиот фан, холивудскиот великан Џек Николсон.

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите