Легендарниот ракометар на Вардар утре ќе го одигра последниот натпревар во Лигата на шампионите

Од:

Русинот Тимур Дибиров – легендарниот ракометар кој со голем успех го носеше дресот на скопски Вардар утре ќе го одигра последниот натпревар во ракометната Лига на шампиони.

Неговиот актуелен клуб, Загреб се прости од осминафиналето, а во последниот натпревар од групата им гостува полски Киелце.

Имено, Дибиров веќе претходно најави дека ова му е последна сезона во клубот, по Лигата на шампионите, до крајот на сезоната ќе игра повеќе домашни натпреварувања, а сака да се збогува со титулата шампион и освојувач на домашниот куп.

Дибиров во јули годинава ќе наполни 42 години, а во кариерата настапуваше само за три клуба – Чеховски медведи, скопски Вардар и Загреб.

Во Загреб дојде во 2022 година, а во декември 2014 година стана втор стрелец во Лигата на шампионите на сите времиња. Тој го симна Никола Карабатиќ од второто место, а постигна преку 1.200 голови.

Со 3.328 голови апсолутен број 1 е Кире Лазаров.

Дибиров има освоено две титули воЛШ, двете со Вардар, во 2017 и 2019 година.

На прошталниот европски натпревар доаѓа неговото семејство од Русија.

Би можело да ве интересира

Бебе однесено во болница со тешки повреди е, уапсен е член на семејството

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска: „Летаа“ покриви и дрвја во Загреб

Горан Наумовски

Дојава за бомба во зградата на Градското собрание во Загреб

Андреа (29) и Маријан (38) се убиени во автомобил во гаража во Загреб

А1он

Маж и жена убиени во гаража во Загреб

А1он

Полицијата во Загреб запре возач со над 4 промили алкохол во крвта

А1он