Нови дојави за бомби во Загреб: Евакуации во училишта и медиуми

Од:

Нови дојави за поставени бомби денеска се испратени до неколку гимназии во Загреб, по што повторно се спроведуваат евакуации во основни и средни училишта, особено во западниот дел од градот.

Освен образовните институции, закани добиле и неколку медиуми, што дополнително ја зголеми загриженоста кај јавноста и ги активираше безбедносните служби.

Ова е продолжение на серијата слични инциденти со кои Хрватска се соочи минатата недела, кога лажни дојави за бомби доведоа до прекин на наставата во бројни училишта низ земјата. Покрај училиштата, тогаш беа опфатени и градинки и трговски центри.

Од загрепската полиција претходно информираа дека сите дојави во петокот биле лажни, откако биле извршени контрадиверзиски проверки во објектите.

Полицијата и денеска е на терен и врши проверки, додека институциите апелираат на смиреност и внимателност додека траат безбедносните процедури.

Би можело да ве интересира

На Тумбе кафе пронајдени и безбедно подигнати над 1.400 бомби и гранати од Првата светска војна

Горан Наумовски

Нов бран закани со бомби низ цела Бугарија, евакуирани се судовите и јавните институции

Изложба во македонскиот КИЦ во Загреб за 60 години постоење на Меѓународната смотра на фолклорот

А1он

Хрватска: Уапсените за лажни пријави се соочуваат со обвиненија за тероризам

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

Разбојници со пиштоли упаднаа во куќа во Загреб – малолетник ги избрка

А1он