Американскиот кошаркар Леброн Џејмс изјави дека не планира да игра за националниот тим на Олимписките игри во Лос Анџелес, кои ќе се одржат во 2028 година, пренесува ESPN.
Селекцијата на САД синоќа во финалето на Олимписките игри во Париз ја победи Франција со 98:87, а Џејмс беше прогласен за најкорисен играч на олимпискиот турнир.
„Не, не се гледам себеси како играм на Олимпијадата во Лос Анџелес, но не се гледав ниту себеси како играм во Париз. Следните Олимписки игри се за четири години. Не, не можам да се видам себеси на Игрите во Лос Анџелес – изјави Џејмс, кој е член на Лос Анџелес Лејкерс од 2018 година.
Џејмс (39) со селекцијата на САД на Олимпијадата освои три златни медали и еден бронзен медал.