Леброн Џејмс го продолжи договорот со Лос Анџелес лејкерс

Од:

Една од најголемите ѕвезди во НБА лигата Леброн Џејмс го продолжи договорот со Лос Анџелес лејкерс за уште две години за 85 милиони долари.

Џејмс, кој на крајот од овој месец ќе наполни 36 години, ќе остане во „лејкерси“ до крајот на натпреварувачката 2022/23, што ќе биде негова 20. Сезона во НБА лигата.

Како што објави ESPN, Џејмс во новата сезона ќе заработува 39.2 милиони долари, 41,1 милиони долари во сезоната 2021/22, и 44,4 милиони долари во последната сезона.

Џејмс минатата сезона го предводеше Лос Анџелес лејкерс до првата титулата во изминатата деценија, и вкупно 17. во клупската историја. Претходно во кариерата, тој освои два шампионски прстени со Мајами (2012, 2013) и еден со Кливленд (2016)

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Леброн Џејмс ја поддржа Камала Харис: Изборот е јасен

Леброн Џејмс: Не се гледам себеси на Олимпијадата во Лос Анџелес

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Рекордни 43 поени за Џејмс сезонава во НБА-лигата

Леброн Џејмс го поистовети Ковид-19 со настинка

Ана Ололовска

Леброн Џејмс ја замени „Кола-кола“ со „Пепси“