ЛЕ: Елмас стрелец во поразот на Наполи во Москва

Од:

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас го постигна единствениот гол за Наполи во поразот на италијанската екипа вечерва во Москва од Спартак со 2:1 (2:0) во рамки на петтото коло од групата Ц во Лига Европа.

За актуелниот лидер во Серија А ова е само трет пораз во сите натпреварувања оваа сезона., еден минатата недела во италијанското првенство против Интер и два во Лига Европа, и двата од московски Спартак.

Домаќините поведоа во 3 минута од пенал преку Александер Соболев, a во моментите кога Наполи беше блиску до израмнување на резултатот, Соболев со својот втор гол вечерва (28 минута) му донесе водство на Спартак од 2:0,

Наполи го преполови водството на домаќините во 64 минута преку Елмас, а македонскиот репрезентативец во завршните моменти од натпреварот имаше одлична шанса за втор гол, но чуварот на мрежата на Спартак спречи израмнување.

На tабелата водат Наполи и Спартак со по седум бодови, Легија има шест, а Лестер три бодови.

Би можело да ве интересира

Газета дело Спорт: Реал Мадрид и Барселона се заинтересирани за Елмас

А1он

Наполи на Елмас единствен клуб во најдобрите пет лиги што не загубил бодови сезонава

Наполи не го пушта Елмас, одбиени понуди од 25 милиони евра

Жарко Настоски

Наполи го пушти Елмас, доаѓа утре во Скопје на собирот на фудбалската репрезентација