Лазаров: Недостатокот во квалитет можеме да го надоместиме со патриотизам

Од:

Капитенот на ракометната репрезентација од Македонија, Кире Лазаров беше најпрецизен за „жолто-црвените“ денеска при победата над Јапонија со 38-29, а веднаш по мечот го потврди мислењето на своите колеги дека победата била остварена потешко отколку што тоа реално изгледало на теренот. Тој сепак изрази задоволство од победата, но не и од играта. Смета дека има работи кои мора да се поправат, сепак се радува што почнавме со победа за поголема самодоверба во продолжение.

– Се подготвувавме многу за овој натпревар и тоа вроди со плод. Не ми се допаднаа некои работи зошто кога имавме водство, гледавме во семафорот и дозволувавме нерезонски шутеви. Сепак ова е голема победа за голема самодоверба, пред сѐ за младите, изјави Лазаров.

Во однос на следниот меч со Бахреин, тој смета дека нема да биде лесен натпревар.

– Мислам дека нема да е лесно со Бахреин. Тие се цврста репрезентација, играа финале против Катар на Азискиот куп, имаат добра екипа. Тие се поцврста екипа од Јапонците. Сега да се одмориме, мислам дека и вие сте свесни дека имаме недостаток во квалитет, тоа можеме да го надоместиме само со патриотизам и со национален набој. Само со таква поставеност можеме да им парираме на Бахреин и на другите репрезентации, додаде капитенот.

Би можело да ве интересира

МВР потврди дека го чешла интервјуто на Латас – се е документирано

А1он

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023

Ана Ололовска

Лазаров со Нант против Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Ана Ололовска

Лазаров: Го допревме дното

Ана Ололовска

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП

Ана Ололовска