Лазаров ќе гради тренерска кариера: Наскоро добива мастер лиценца

Од:

Најдобриот македонски ракомeтар Кирил Лазаров потврди дека по завршувањето на играчката кариера ќе се посвети на тренерската работа. Во интервју за хрватскиот „Јутарњи лист“, Лазаров објаснува до каде е со тренерската едукација.

„Дефинитивно го решив тоа. Вложувам многу во моето образование. Наскоро ќе добијам мастер лиценца за главен тренер по А лиценцата преку ЕХФ на тема „Анализа на натпреварите на Шпанија во финалето на Европското првенство 2020 година во Стокхолм”. Мислам дека по примерот од Жорди Рибера може многу да се научи. Сè оди по својот тек, не се наметнувам никому и не ми се брза. Знам што зборувам и што правам и важно е да изберам вистински момент за тоа. Шанси секогаш има, мислам дека тоа можам да го работам уште утре, но тоа не е суштината на тренерската работа.

Капитенот на македонската ракометна репрезентација смета дека успеноста како тренер по голема кариера како играч е индивидуална работа.

Има се, освен правила. Има и размислувања од типот: „Не знам што ќе правам по играчката кариера, па ајде да бидам тренер, тоа единствено добро го знам”. Но, тоа не е така едноставно како што изгледа. Мора да се има добар темел, но без надоградување нема напредок. Секој има свој стил. Јас не сум човек од конфликти. Ако тоа се појави, јас бегам од тоа. Секогаш мислам дека постои начин на кој може да го презентирам мојот став како што сакам. Многу разговарам со Лино Червар и Чави Пасквал, кои ми се големи авторитети. Кога ќе дојде време сигурно ќе знам да одберам.

Лазаров во моментов е во изолација поради позитивниот тест на коронавирусот. Ковид-19 се појави во неговиот клуб Нант и македонскиот репрезентативец е еден од заразените.

Би можело да ве интересира

Лазаров: Сега знам кого треба во иднина да повикувам во репрезентацијата

Кирил Лазаров: Македонија и Бугарија имаат сериозен проблем, а тоа е корупцијата и само таа не смее да не обединува

Горан Наумовски

Лазаров: Најостро ги осудувам сите форми на насилство, рекет и криминални активности

А1он

Пласман на Светско првенство за историско збогум на легендарниот капитен

Катерина Ѓуровски

Кирил Лазаров е повреден и нема да игра на цело ЕП

А1он

Кирил Лазаров ја промовираше автобиографијата „Секогаш на победа“

Ана Ололовска