Лазаров: Имаме сили и доволно мотиви за победа над Чешка

Од:

За машката ракометна репрезентација на Македонија останува уште последниот дуел од квалификациите за Европското првенство во Хрватска. Утре во Скопје, Македонија е домаќин на Чешка.

Оптимизам кај капитенот Кирил Лазаров во пресврт на дуелот со ривалот, со кој играме често последните години.

– Атмосферата е добра во репрезентацијата. Некој на почетокот да ни ја понудеше оваа ситуација ќе ја прифатевме со две раце. Сега со победа и со еден гол разлика ќе бидеме први во групата и што е исто така важно ќе бидеме и во подобар „шешир“ на извлекувањето за групите на Европското првенство во Хрватска. Имаме сили и имаме доволно мотиви да победиме особено што веќе имаме доволно видео материјали за утрешниот противник, вели Лазаров.

На чело на табелата во групата е Чешка со 6 бодови, Македонија и Украина имаат по 5, а последен е Исланд со 4. Дуелот Македонија – Чешка се игра утре со почеток во 20:45 часот во ВИП Арена во СЦ „Борис Трајковски“, а во исто време играат и Исланд – Украина.

Билетите за натпреварот Македонија – Чешка се продадени и се очекува македонските ракометари да имаат максимална поддршка од трибините.

Би можело да ве интересира

Време е за промена: Младите фудбалери и вторпат поразени од Косово

Беше голем талент и одби да игра за Македонија, па од Порто дојде до Будуќност

Македонија минимално поразена од Саудиска Арабија

Женската фудбалска репрезентација ги доби ривалките во квалификациите за Светскиот куп

Жарко Настоски

Алиоски: Издржавме се, победивме репрезентација со голема фудбалска историја

Катерина Ѓуровски

Реакции во Германија: Срам, бламажа, разочарување, добро што Лев ќе си замине по ЕП

Катерина Ѓуровски