Лазаров го скрати списокот ракометари за ЕП во јануари

Од:

Селекторот и капитен на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров денеска го скрати списокот на 24 ракометари со кои ќе се подготвува за настап на претстојното Европско првенство (ЕП).

Во изборот на селекторот се најдоа шестмина интернационалци, додека преостанатите се од домашното првенство.

Македонските ракометари на ЕП се во група со Данска, Словенија и Црна Гора, а натпреварите ќе ги игра во Дебрецин.

Прв противник на избраниците на Лазаров ќе биде Словенија на 13 јануари.

Повикани ракометари за подготовките за настап на Европското првенство 2022:

Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Ненад Костески, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Филип Талески, Филип Кузмановски, Михајло Младеновиќ, Филип Миркуловски, Марко Мишевски, Игор Ѓоргиев, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Марко Митев, Горан Крстевски, Костадин Петров, Христијан Симоноски, Кирил Лазаров.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024

Ана Ололовска

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска

Среќно „ракометно реми“ на Еурофарм Пелистер со Агуаш Санташ 27:27

Ана Ололовска