Лазаревски: Одиме на триумф против Беласица

Од:

Работнички попладнево ја пречекува Беласица во 26. коло од Првата македонска фудбалска лига, а шефот на стручниот штаб на „романтичарите“ Баже Лазаревски очекува тимот да се движи во позитивна насока и да атакува на триумф против струмичкиот прволигаш.

– Тимот се консолидира по неуспесите, ремизиравме против Македонија ЃП во Ѓорче Петров во минатото коло, а сега посакуваме да одиме напред и да оствариме триумф против Беласица. Играме на домашен терен и ќе сториме се за да ги освоиме трите бода. Го респектираме противникот максимално, но овој Работнички има квалитет и тоа ќе го докаже на натпреварите што претстојат, изјави Лазаревски за клупскиот сајт.

Почетокот на натпреварот на „Филип Втори“ во Скопје е во 15 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска