Поранешниот аргентински репрезентативец Езекиел Лавеци ја заврши фудбалската кариера. Тој ја објави веста на социјалните мрежи, придружена со колаж од неговите фотографии на теренот.
– Ова беа неверојатни години од оваа приказна. Години обележани со учење, уникатни моменти и многу моменти што ќе останат во моето срце засекогаш. Засекогаш ќе бидам благодарен на оние што останаа до мене во оваа авантура. Со многу емоции, се збогувам од најубавиот период, што ми го даде животот. Бев многу среќен, напиша 34-годишниот Ловеци.
— Ezequiel Lavezzi (@PochoLavezzi) December 13, 2019
Напаѓачот ги носеше дресовите на Естудијантес, Џенова, Сан Лоренцо, Наполи, Пари Сен Жермен и Хебеј Чајна. За својата земја одигра 51 натпревар и постигна 9 гола.