Михаел Лаудруп, ги отврла сите шпекулации за негово заминување од тимот од Кардиф, со тоа што потпиша нов договор со времетраење до 2015-тата година.
Данецот оваа сезона го предводеше до Лига Купот, каде во финалето успеаја да го демолираат составот на Бредфорд со 5-0, а во првенството имаат одлични настапи, и делуваат доста сигурно.
„Среќен сум и воопшто не се двоумев околу останувањето. Воодушевен сум од новиот договор, и имам огромна желба за работа. Не чекаат одлични мечеви во Премиер лигата, и во Лига Европа“ – истакнува Лаудруп.
Со овој договор Лаудруп ги отфрла сите шпекулации за негово заминувањео од Свонси, и превземање на некој поголем клуб ширум Европа.