Каи Хаверц (21), младиот германски фудбалер се доближува до Челси, посочуваат медиумите во Германија.
Деталите за трансферот се договорени, вредноста е околу 80 милиони евра.
Договорот веќе ќе беше официјализиран доколку Баер не играше во Лигата на Европа, каде клубот од Леверкузен ќе смета на Хаверц.
Оваа сезона младиот фудбалер постигна 17 голови на 43 натпревари за Баер.