Лампард: Ја видовме бруталната реалност на фудбалот

Од:

Старото непишано фудбалско правило, кога нема да постигнеш гол, противникот ќе те казни, се покажа на дуелот со Њукасл. Ја видовме бруталната реалност на фудбалот, изјави Френк Лампард, тренерот на Челзи по вечерашниот пораз на гостувањето кај Њукасл.

Лампард имаше големи замерки за неефикасноста на своите избраници.

– Ние разбираме дека имаме проблеми во последната третина од теренот, не постигнуваме доволно голови. Ако не постигнете гол, тогаш секогаш останувате ранливи. Не знам што треба повеќе да направиме за да ги завршиме нападите како што треба. Мора да има убиствен инстинкт пред голот на противникот. Од она што го велам, јасно е дека разбираме каде треба да се зафатиме, но ќе видиме, додаде Лампард.

Предводникот на „сините“ од Лондон им порача на своите фудбалери дека ако сакаат прогрес на табелата, мора да обрнат внимание на реализацијата.

Челзи по поразот (0:1) од Њукасл остана на 4. место на табелата во Премиер лигата со 39 освоени бода.

Би можело да ве интересира

Челси го отпушти Лампард

Лампард ќе биде отпуштен ако Челзи загуби од Лестер вечерва

Жарко Настоски

Лампард уште сега се откажува од трката за шампионската титула

Жарко Настоски

Лампард ги посочи виновниците за киксот со Вест Бром

А1он

Лампард пред остварување на целта: Хаверц се приближува до Челси

А1он

Лампард: Сакам да освојам трофеј за мојот тим

А1он