Лампард и следната сезона во Челзи

Од:

Најдобриот стрелец во историјата на Челзи, Френк Лампард, и следната сезона ќе го носи дресот на лондонскиот премиерлигаш, откако денеска потпиша нов едногодишен договор со сините од „Стемфорд бриџ“.

– Пресреќен сум поради продолжувањето на договорот. Иако имаше некои информации дека ќе го напуштам Челзи, навивачите знаеја дека тоа не беше моја желба. Останувам во клубот, со кој се надевам на нови успеси во следната сезона – изјави Лампард ден по освојувањето на Лигата на Европа.

За 34-годишниот играч од средниот ред на Челзи идната ќе биде 13 сезона, а досега има одиграно 607 натпревари за лондонскиот клуб.

Во 2004, 2005 и 2009 година го има добиено признанието за најдобар играч во Премиер лигата.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска