Лалиќ: Тежок меч, ама ќе дадеме с од себе да го изненадиме Задар

Од:

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром утревечер ќе го одигра последниот меч во 2017 година и тоа на гости кај тимот на Задар.

МЗТ на овој дуел ќе настапи без повредениот Марко Симоновски, неизвесен е настапот на Дарко Соколов. Никола Павличевиќ веќе е минато, додека младиот Андреј Настоски нема право на настап во регионалното натпреварување. Но и покрај сето ова, избраниците на тренерот Жељко Лукајиќ се решени да дадат се од себе и да пробаат да изненадат и да победат.

– Формата на Задар е во нагорна линија, играат одлично во последните пет-шест кола, а згора на тоа играат на домашен терен. Ќе биде тежок натпревар, со оглед што пак имаме проблеми со повредите во надворешната линија. Но, ќе мора да дадеме се од себе и да пробаме да триумфираме, што би било своевидна пресвртница за нашиот клуб, вели центарот Јуре Лалиќ.

Натпреварот е прв од 14. коло од АБА-лигата. Почетокот е закажан за 20 часот.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он