Пари Сен-Жермен се подготвуваат за шокантен трансфер на Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед, тврди спортскиот весник „Л’Екип“, кој додава дека веќе се почнати преговори со неговите агенти.
Оваа вест доаѓа неколку часа откако тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие на прес-конференција изјави дека Мауро Икарди и Арно Калимуендо можат да бараат нови клубови бидејќи клубот „ќе потпише со нов напаѓач“.
24-годишниот Рашфорд цела кариера е во клубот од своето детство Манчестер јунајтед, и има договор од уште една сезона со опција за уште една. Меѓутоа, неговата форма минатата сезона беше загрижувачка, со само 5 гола во 32 настапи во сите натпреваруваа. Според изворите на „Л’Екип“, Рашфорд бара нов предизвик, но уште нема официјални контакти меѓу двата клуба.
Манчестер јунајтед, пак, тешко дека ќе се реши на продажба на фудбалерот кој има 93 гола во 303 меча за клубот од 2016 година, бидејќи и така имаат недостаток на напаѓачи во тимот, а иднината на Кристијано Роналдо уште е неизвесна.
Извор: Топспорт