Кутињо на чекор до Арсенал

Од:

Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо би можел да ја продолжи кариерата во Арсенал, пренесува каталонски „Спорт“.

Како што се наведува, Кутињо е близу да се пресели во тимот од Лондон и да се врати во Премиер лигата, по не многу успешниот заем во Баерн од Минхен.

Баварскиот гигант не сака да го откупи договорот од Барселона, а не се знае колкава компензација бара каталонскиот клуб за играчот од средниот ред, но се знае дека Барса сака да се „ослободи“ од него заради високата плата.

Во претходниот период Тотенхем се споменуваше како можен иден клуб на Кутињо, но уште се чека последниот потег на Жозе Мурињо.

Кутињо оваа сезона одигра 34 натпревари на сите натпреварувања во Баерн и постигна девет гола.

Би можело да ве интересира

Арсенал го потврди и трансферот на холандскиот репрезентативец Јуриен Тимбер

Предраг Петровиќ

Ужасни сцени: Се запали авионот на фудбалерките на Арсенал

(ВИДЕО) Мајсторија: Фудбалерот на Спортинг од центарот постигна гол против Арсенал

Предраг Петровиќ

Чудесен пресврт на Арсенал, победи и Челси

ВАР-судијата „заборавил“ да ги нацрта офсајд-линиите при голот на Брентфорд?

Горан Наумовски

Арсенал се сопна дома против Брентфорд