Екипата на Куманово вторпат сезонава на домашен терен успева да постигне победа над шампионот МЗТ Скопје Аеродорм. Синоќа во натпревар од 27.коло кумановчани победија со 80:70. Најефикасен кај победникот беше Александар Костоски со 20 поени, а на дуелот Марко Љубичиќ од МЗТ Скопје со 24.
На другите натпревари од оваа рунда Карпош Соколи со триумфот над Фени Индустри со 92:70 го потврди второто место во плеј офот. Кожув во дуелот на екипите од Гевгелија го совлада Бест со 84:49, а Работнички победи на гостувањето кај Струмица со 83:63.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 51 бод, Карпош Соколи 47, Куманово 46, Фени Индустри 44, Кожув 39, Работнички 38, Струмица 32, Бест 27.