Наиро Куинтана од тимот на Мовистар ја извојува својата најголема победа во кариерата. Имено на 20. етапа во должина од 125 километри од Annecy до Semnoz тој успеа да ги победи Родригез и Фрум и да стигне до второто место во генералниот пласман.
Веќе сигурно е дека Крис Фрум од тимот на Скај ќе биде овогодишен победник на Тур, само ќе треба да ја заврши утрешната последна етапа на Елисејските полиња.
Има предност од 5 минути и 3 секунди пред денешниот победник и 5:47 пред Родригез.
Алберто Контадор денеска немаше сили да ја следи тројката заостана речиси 3 минути и ќе заврши 4-ти во генералниот пласман со над 7 минути заостанување.