Кубица посакува да се врати во Формула 1

Од:

Поранешниот Формула 1 возач, Полјакот Роберт Кубица едвај остана жив по несреќата што ја имаше пред две години на релито во Андора, а сонува повторно да вози болид во трката од Ф1 шампионатот.

„Секој што барем еднаш возел болид во Формула 1, посакува тоа да го стори повторно. И јас сонувам повторно да бидам дел од Ф1 шампионатот, но засега физички не сум подготвен да издржам цела трка. Болно е кога одеднаш ќе ви се прекине сонот, а мојот беше да возам во Ф1. Но, не се откажувам, еден ден ќе седнам пак во болидот и ќе се натпреварувам“, истакна Роберт Кубица.

Тој оваа сезона поради лимитираните движења на раката возеше во рели шампионатот.

Би можело да ве интересира

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он

Хамилтон: Болидот како да не сака да биде подобар

А1он