Фудбалскиот ас Кристијано Роналдо добил позитивен резултат на тест за коронавирус и ќе го пропушти натпреварот на репрезентацијата во Лигата на нации против Шведска утре.
Напаѓачот на Јувентус „се чувствува добро, нема симптоми и се наоѓа во изолација,“ соопшти Португалската фудбалска федерација (ПФФ).
Останатите репрезентативци биле тестирани накнадно, а сите резултати се негативни, се додава во соопштението.
Вчера, Роналдо објави слика од себеси со целата екипа на Португалија на маса за време на оброк, со коментар „Обединети, на теренот и вон него“.
Unidos dentro e fora do campo! ?????? #todosportugal pic.twitter.com/4bQSUIPm2m
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) October 12, 2020
Роналдо пред неколку дена предизвика скандал во Италија, откако без дозвола на неговиот клуб го напушти хотелот во кој играчите беа во карантин, за да ѝ се приклучи на репрезентацијата, за што најверојатно ќе добие административна казна од 1.000 евра.