Крис Бош останува во Мајами

Од:

Раководството на НБА тимот Мајами Хит објуави дека потпишале петгодишен договор со крилниот центар Крис Бош. Мајами почитувајќи ја клупската политика не ги објави деталите од договорот, но претходно беше истакнато дека Бош ќе добие максимални 118 милиони долари за петгодишниот договор.

Инаку, пред почетокот на преодниот рок Бош се поврзуваше со трансфер во Хјустон Рокетс, екипа која се одрекна од услугите на Џереми Лин (замина во ЛА Лејкерс) за да ослободи што повеќе место во селери капот.

Меѓутоа, по заминувањето на Леброн Џејмс од Мајами, Бош реши да остане на Флорида, а слична одлука донесе и Двејн Вејд.

„Крис Бош е двократен НБА шампион и еден од најдобрите високи играчи во лигата. Неговите единствени квалитети го прават еден од најдобрите играчи во НБА лигата. Секогаш чувствува дека е посветен на оваа франшиза, мислам дека ќе има единствена можност да го предводи тимот во наредната сезона“, рекол претседателот на Мајами, пет Рајли.

Бош во НБА лигата е веќе 11 години, одиграл 796 натпревари, со просечен учинок по натпревар од 19,2 поени, 8,7 скока, две асистенции и 1,1 блокада.

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите