Крај за Ѓоковиќ – Лајовиќ направи изненадување

Од:

Српскиот тенисер Душан Лајовиќ направи големо изненадување во Бања Лука, кој во четвртфиналето го елиминираше Новак Ѓоковиќ со 6:4, 7:6.

Лајовиќ по два часа и 25 минути игра ја постигна најголемата победа во кариерата.

Лајовиќ беше подобриот ривал во текот на целиот меч, на овој дуел беше видлива нервозата и несигурноста на Ѓоковиќ, кој во вториот сет не ги искористи трите сет топки и можноста да го одведе мечот во трет сет.

Во третиот гем од првиот сет Лајовиќ доби брејк топка и поведе со 2:1, а проблемот на Новак на овој меч беа брејк топките кои не ги искористи.

Лајовиќ ја држеше брејк предноста до осмиот гем, кога Ѓоковиќ успеа да се врати во сетот.

Тоа беше краткотрајно, бидејќи Лајовиќ повторно го одзеде сервисот и поведе со 5:4. Лајовиќ спаси уште три брејк топки во гемот во кои сервираше за првиот сет и успеа да ја претвори во водство првата сет топка.

Душан спаси три брејк топки во вториот гем, па пропушти две во петтиот, па повторно спаси два, но ќе го памети деветиот гем во кој имаше 0:40, а успеа да пропушти три можности за брејк.

Тој во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот Миомир Кечмановиќ-Јиржи Лехечка.

Би можело да ве интересира

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло

Ѓоковиќ: Иванишевиќ ми е доживотен пријател, не знам кој ќе го замени

После пет години: Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Ѓоковиќ: Морам да ги балансирам приватниот и професионалниот живот, ќе се вратам во Мајами

ВИДЕО: Индијан Велс заврши за Ѓоковиќ, елиминиран е од 20-годишен Италијанец

Новак Ѓоковиќ откри кога ќе ја заврши кариерата