Александар Костовски е нов член на тимот на МЗТ Скопје Аеродром, чиј што дрес ќе го носи во наредните две сезони, обајвија денеска на официјалниот сајт на македонскиот кошаркарски шампион.
25-годишниот Костовски во својата кариера има настапувано за Торус, Вардар Осигурување, Брашов, а последната сезона ја мина во тимот на Куманово 2009 со кој што покрај настапите во домашното првенство, настапуваше и во БИБЛ лигата.
Костовски беше најдобар стрелец во домашниот шампионат со просечни 20.7 поени, заедно со 3.6 скока и 3.7 асистенции, додека во Балканската лига имаше 17.7 поени, 4.2 скока, и 5 асистенции по натпревар.
Новиот играч на МЗТ Скопје Аеродром заедно со Дамјан Стојановски ја поделија наградата за најкорисен играч на завршницата од Купот на Македонија минатата сезона.