Влатко Костов и македонскиот фудбалски прволигаш се разделија, откако тренерот го напушти клубот по високиот пораз од Шкендија.
Се очекува управата на „гипсарите“ во текот на денешниот ден да назначи нов предводник.
-Оставката е прифатена од страна на раководството на клубот. Ренова сака да му се заблагодари на Влатко Костов за неговиот придонес и му посакува среќа во идните ангажмани, стои во клупското соопштение.
Ренова веќе утре ја очекува реваншот од полуфинлната куп пресметка со Шкендија.
На првиот дуел резултатот беше нерешен 1:1.