Репрезентацијата на Костарика го победи двократниот светски шампион Уругвај со 3:1.
Со ова Уругвај ја продолжи лошата традиција да започнува тешко на светските првенства.
Тие не го освоиле првиот натпревар на Мундијалот од 1970 година. Притоа имаат 3 порази и 3 нерешени во првите средби.
Уругвај поведе во резултатот во првото полувреме со погодокот од пенал на Единсон Кавани.
По паузата сепак Костарика притисна и целосно заслужено го сврте натпреварот. Прво Џоел Кембел израмни. Тој доби топка од Гамбоа од крило, ја сопре на гради и го совлада Муслера за 1:1. Напаѓачот на Арсенал стана третиот најмлад стрелец во историјата на светските и најмладиот на ова првенство.
Само 3 минути потоа Костарика направи целосен пресврт. Центрирањето на Брајан Руиз од фаул беше пресретнат од Оскар Дуарте со глава и упатен во спротивниот агол. Репризите сепак покажаа офсајд на Дуарте.
Во 85-та минута резервистот Маркос Урења реши сé. Феноменалниот пас на Џоел Кембел го изведе зад одбраната. Голманот Муслера излезе да го пресретне и од мал агол напаѓачот на Кикос ја лизна топката покрај него во празниот гол.