Најдобриот играч на Атлетико Мадрид, Диего Коста се изјасни дека сака да оди во Челзи и за тоа ги известил челниците на шпанскиот шампион.
Како што пренесува „Марка“ Коста до крајот на неделава ќе го комплетира трансферот во премиерлигашот од Лондон.
Се проценува дека Атлетико Мадрид од продажбата на својот најдобар фудбалер ќе заработи 50 милиони фунти.
Атлетико и Челзи преговараат и за голманот Тибо Куртоа да остане во Мадрид како позајмен играч уште една или две години.
Не е познато дали преговорите за чуварот на мрежата се поврзани со трансферот на Коста или тие ќе се одвиваат одвоено.