Женската репрезентација на Турција со победата над домаќинот Бразил се избори за место во четвртфиналето на олимпискиот кошаркарски турнир.
Турчинките славеа победа над Бразилките по продолжението со 79-76 откако регуларниот дел заврши нерешено 60-60. Со тоа Турција го освои четвртото место во А групата од која меќу осумте најдобри ќе играат и Австралија која во последното коло ја победи Белорусија со 74-66, како и селекциите на Јапонија и Франција чиј синоќешен меѓусебен дуел заврши со победа на Јапонките од 79-71.
Од групата Б сигурни патници во четвртфиналето се САД, Шпанија и Канада, додека за последното место кое води во разигрувањето ќе се борат Кина, Србија и Сенегал.