Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

Од:

Македонскиот кошаркарски вицешампион во женска конкуренција Бадел 1862 го постигна најголемиот клупски успех на меѓународна сцена, откако со триумф вечерва над Бановиќи од 85:55 (52:31) обезбеди пласман меѓу осумте најдобри екипи во регионалната АБА лига.

Избраничките на тренерот Перо Стамески забележаа убедлива победа на домашен терен на босанскиот противник и со скор од три победи и пет порази на две кола до крајот на натпреварите во Б групата го обезбедија четвртото место, кое носи пласман во натамошната фаза од регионалната лига.

Најефикасна во редовите на Бадел 1862 беше Александра Стојановска со 30 поени, додека Американката Кејтлин Матеу запиша „дабл-дабл“ ефект со 16 поени и 11 скокови.

Во последните две кола кошаркарките на Бадел 1862 ќе играат против Пламен Пожега на гостински терен на 8 декември, а една седмица подоцна го пречекуваат Партизан.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Бајиќ: Ја загубивме енергијата во вториот дел

Ана Ололовска