Корона-проблеми на ЕУРО 2020: Најмалку 100 потврдени случаи на Ковид-19 меѓу навивачите

Од:

Данските и финските власти соопштија за први позитивни случаи на коронавирус кај навивачи, кои следеле натпревари од групната фаза на ЕУРО 2020 во Копенхаген и во Санкт Петерсбург.

Данските здравствени власти потврдија вечерва дека најмалку седум луѓе имале позитивен тест на коронавирус, откако присуствувале на натпреварите одиграни на стадионот „Паркен‘ во Копенхаген.

Здравствените власти повикаа неколку илјади навивачи, кои го следеле натпреварот меѓу Данска и Белгија на 17. јуни да се тестираат, по што е потврдено присуство на делта сојот на Ковид-19 кај петмина од нив. Другите два случаи се констатирани по натпреварот меѓу Данска и Русија, одигран на 21 јуни, исто така, во Копенхаген.

Паралелно со ова, финскиот информативен јавен сервис извести за 80 инфекции со вирусот меѓу луѓе, кои изминатите денови влегле во Финска од Русија, каде следеле натпревари од Европското првенство.

Рускиот Санкт Петерсбург е меѓу 11-те домаќини на ЕУРО2020, а локалните власти минатата недела ги заострија мерките против Ковид-19 во градот, кој треба да биде домаќин и на еден четвртфинален натпревар.

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), од своја страна, изрази денеска задоволство од малиот број заразени со коронавирус на Европското првенство, кое продолжува викендов со натпреварите од нокаут фазата.

– Вкупниот процент на позитивни тестови по одигрувањето на групната фаза на Европското првенство и натаму е низок, се наведува во соопштението од УЕФА.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана