Директорот на Светската анти-допинг агенција, Дејвид Хауман, изјавил дека Ленс Амстронг со години користел недозволени сретства, веројатно со благослов од контролорите.
Хауман навел дека сега на Амстронг не може да му помогне ни тоа што никогаш во кариерата не бил позитивен на допинг тест. Анти-допинг агенцијата на САД му изрече доживотна суспензија на Амстронг и му ги одзеде сите титули што ги освоил во кариерата.
„Сега станува очигледно дека Ленс се допингувал пред анти-допинг контролорите, а веројатно и со нивно знаење“, рекол Хауман.
Директорот на Светската анти-допинг агенција нагласил дека Амстронг никогаш не би бил фатен доколку неговите поранешни колеги велосипедисти не ја прекршеле заклетвата за молчење и признале дека учествувале во заговорот со кој е измамен целиот спорт.
Анти-допинг агенцијата на САД, во средата соопшти дека 11 поранешни тимски колеги на Амстронг сведочеле против него, откривајќи ја најсофистицираната допинг програма во светот.