Со натпреварот Вест Хем – Стоук кој заврши без победник 1:1, синоќа се комплетира 12.коло во фудбалскиот шампионат на Англија. Џонатан Волтерс ги доведе гостите во водство со 1:0 во 13.минута, а Вест Хем го изедначи резултатот преку преку Џеј О‘Брајан (48.минута).
Вест Хем со 19 бодови остана на седмото место на табелата, додека Стоук со 13 бодови е на 14.позиција.
На другите натпревари од 12.коло во Премиер лигата постигнати се овие резултати: Арсенал – Тотенхем 5:2, Ливерпул – Виган 3:0, Њукасл – Свонси 1:2, Квинс Парк Ренџерс – Саутемптон 1:3, Рединг – Евертон 2:1, Вест Бромвич Албион – Челзи 2:1, Манчестер Сити – Астон Вила 5:0, Норвич – Манчестер Јунајтед 1:0 и Фулам – Сандерленд 1:3.
Табела: Манчестер Сити 28, Манчестер Јунајтед 27, Челзи 24, ВБА 23, Евертон 20, Арсенал 19, Вест Хем 19,.