Комплетирани полуфиналните двојки во кошаркарскиот Еврокуп

Од:

Познати се четирите екипи кои ќе играат во полуфиналето на Еврокупот, односно второто по квалитет европско кошаркарско клупско натпреварување.

Откако Уникаха на гости во Минхен го совлада Баерн со 74:69, а Валенсија пред своите симпатизери победи против Химки Москва со 92:76, во мајсторките од четвртфиналната рунда, познати се сите четири тима кои ќе играат во полуфиналето на Еврокупот.

Така, за место во финалето Валенсија ќе се бори против Хапоел од Ерусалим, додека Локомотив Кубан за противник ќе ја има екипата на Уникаха.

Полуфиналната серија се игра во два добиени натпевраи.

Првите средби ќе се играат на 14 март, реваншите на програмата се на 17-ти, додека евентуалните мајсторки ќе се играат на 22 март.

Би можело да ве интересира

Мечевите од еврокуповите во Скопје ќе се играат со 30 отсто публика на „Тоше Проески“

Жарко Настоски

Еврокуп најави одложување на три натпревари од 6. коло

Ана Ололовска

Познати сите учесници во Еврокупот

Ана Ололовска

Карпош Соколи ги доби противниците во Еврокупот

Ана Ололовска

Уникаха го освои Еврокупот

Наум Локоски

Валенсија и Уникаха во дуел за трофејот во Еврокупот

Наум Локоски