Компани: Македонија е добра репрезентација

Од:

Капитенот на белгиската фудбалска репрезентација Венсан Компани смета дека Македонија има одлична репрезентација, со многу добри фудбалери, но порачува дека неговиот тим мора да ги победи сите противници на домашен терен.

“Ѕвездата“ на англискиот шампион Манчестер Сити ова денеска го истакна во изјава за дописникот на МИА од Брисел, на прес-конференцијата на Белгија пред утрешниот квалификациски меч за пласман на Светското првенство во 2014 година, што се игра против Македонија, кој ќе се одигра на стадионот „Руи Бодуин“ во Брисел ќе се одигра со почеток во 20:45 часот.

Компани, кој поради тоа што не беше фит не се појави на теренот во Скопје, утре е единствениот сигурен за првите 11-мина што селекторот Марк Вилмотс го посочи. Стамениот дефанзивец, пак, вели дека претходно, на дуелите Манчестер Сити-Наполи има играно против Горан Пандев и за него вели дека недвојбено е одличен играч.

– Погрешно е кога се потценува една мала земја во фудбалска смисла, без познати фудбалери, бидејќи во случајот со Македонија станува збор за добар состав кој има организирана игра. Македонците се многу опасни во нападот, шутираат одлично и од секоја позиција, а добро се организирани и во одбраната. Сепак, ние сме Белгија и на домашен терен сме фаворити и мора да победуваме против секој противник, без разлика за кого станува збор, посочи Компани.

Според информациите на белгиските новинари, незадоволен од неговото залагање на натпреварот во Скопје, селекторот Вилмотс утре ќе го остави Маруан Фелаини на клупата, а место него би можело да започне Насер Чадли (Твенте). Во одбраната се враќа Компани наместо Даниел ван Бајтен, додека во нападот шанса ќе добие Ромелу Лукаку од Вест Бромвич наместо Кристијан Бентеке од Астон Вила.

– За нас е најважно да останеме смирени и ако не постигнеме гол во првиот дел од натпреварот. Се надевам дека овојпат добро ќе ја контролираме топката на теренот и ќе имаме успешни додавања, со што би го измориле противникот. Во секој случај, ние ќе се обидеме да ја зграпчиме Македонија од почетокот, но и да не се одвиваат работите како што ние посакуваме, јас имам „план Б“ и „план Ц“, вели селекторот Вилмотс.

Според шефот на стурчниот штаб на Белгија, никој од таборот на популарните „црвени ѓаволи“ не смее да го потцени противникот и покрај победата на гостински терен, а ако некој тоа го стори, Вилмотс најавува дека тој ќе биде принуден брзо „да го спушти на земја“.

– Ние имаме 13 бода, додека Македонците само четири во групата “А“. Тоа не значи дека противникот нема мотиви и затоа не треба да не опушти. Искрено, јас би бил задоволен и со победа од 1:0 оти нам ни се најважни трите бода од овој дуел во борбата со Хрватска за освојување на првото место во групата, додава Вилмотс.

Попладнево, тренинг и прес-конференција се очекува да одржи и македонската репрезентација, но до овој момент се уште не се знае на кој терен ќе се одржи поради тоа што националниот стадион „Рои Бодуин“ е заштитен со дозвола на ФИФА за утрешнито натпревар, па се бара алтернативен терен што нема да биде прекриен со снег и мраз како синоќешниот во Махелен.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска