Комити им се заканија на Арсовска и на Славески: Исплатете ги парите или ќе се радикализираме

Од:

Упатуваме апел до претседателот на советот на Град Скопје, Трајко Славевски и градоначалничката Данела Арсовска, финансиските средства наменети за ФК Вардар, изгласани едногласно уште на 20.07.2023 да бидат доделени веднаш. Немате повеќе време за чекање велат од навивачката група на Вардар.

– Вашата пасивност во однос на ФК Вардар и меѓусебното префрлање на одговорноста, се недозволиви. Никогаш нема да прифатиме, било кој да има таков однос кон клубот на народот. Затоа, упатуваме јасно барање – постапете веднаш!
Доколку за 48 часа не постапите и не ја спроведете одлуката, најавуваме радикализација на борбата. Не дозволувајте да бидете запомнети како луѓе кои свесно или несвесно го саботирале клубот на народот. Не дозволувајте повторно да треба да се огласиме по однос на ова прашање, се вели во обраќањето од навивачката група Комити.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ставовите на Славески се лични, го поддржуваме бојкотот на маркетите

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Скандалозна изјава на Трајко Славевски, граѓаните да не бараат поголеми плати додека тој ужива

Катерина Ѓуровски

Дудуш: Данела нека внимава со какви спектакуларни бројки и изјави се појавува во јавност

Горан Наумовски

Арсовска со подароци кај првороденото бебе во 2025 година

Катерина Ѓуровски

Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата

А1он

Арсовска: Кризите со јавните градски претпријатија се политички мотивирани

А1он