Репрезентацијата на Колумбија го обезбеди пласманот во осминафиналето на Мундијалот во Бразил, откако вечерва со 2:1 го совлада Брегот на Слоновата коска.
Џемс Родригез во 64.та и Хуан Кинтеро во 70. минута погодија за победничката репрезентација, додека Жервињо во 73.минута го ублажи поразот на африканската селекција.
Ова беше првиот натпревар од 2.коло во Ц групата. Втората рунда во оваа група ноќеска ќе ја комплетираат Грција и Јапонија.
На табелата води Колумбија 6 бодови, Брегот на Слоновата коска има 3, Грција и Јапонија се без освоен бод и со натпревар помалку.
Од 21 часот вечерва ќе почне дербито Англија – Уругвај. Двете репрезентации се во потрага по првите бодови.