Коло Туре е нов играч на Ливерпул. Досегашниот дефанзивец на Манчестер сити е првото засилување на „црвените“ за следната сезона, а официјално трансферот ќе биде комплетиран на 1. јули, кога му истекува договорот со „граѓаните“.
Менаџерот на гигантот од Енфилд, Брендан Роџерс се надева дека по Туре ќе успее да го ангажира и дефанзивецот на Шалке, Кирјакос Пападопулос, за кого Ливерпул е подготвен да плати 12 милиони евра.
Со Туре и со Пападопулос, Роџерс се надева дека ќе ги реши проблемите во одбраната, кои се зголемија по пензионирањето на Џејми Карагер.