Кочов: Правевме невидени грешки

Од:

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов упати критики на адреса на своите кошаркари, и покрај триумфот над екипата на Хелиос од 70:69 во АБА 2 лигата.

Македонскиот првак синоќа со многу среќа во драматична завршница стигна до својот четврти триумф во регионалната лига, откако словенечкиот тим се врати од негатива од 12 поени во последната четвртина и испушти шанса за победа во завршните секунди од натпреварот.

-Ваква неодговорност и грешки, какви што ние ги правевме во финишот, досега немам видено. Единствена добра работа е што тие го промашија тој последен шут и што ние стигнавме до победата. Среќа е што сме овде сите заедно, па уште веднаш ќе почнеме со корекција на сите грешки што ги направивме, изјави Кочов по натпреварот.

Феми Олуџоби со 16 поени беше најпрецизен во македонскиот тим, додека Андрија Бојиќ постигна 12, а Андреј Магдевски 10 поени, додавајќи шест скокови и седум асистенции.

МЗТ Скопје Аеродром има ефект од четири победи и еден пораз во пресрет на следниот дуел на турнирот во Бања Лука против Слобода Ужице, закажан за в петок.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он