Кочов: Со агресивна и мотивирана игра до победа против Блокотехна

Од:

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов побара агресивна игра на денешното дерби на колото против Блокотехна кое во голема мера ќе биде пресудно за втората позиција во пресрет на плејофот.

– Ако успее да ја подигнеме одбраната на повисоко ниво во однос на двете претходно средби тогаш ќе може да се надеваме на успешен епилог на крајот. Мотивацијата и желбата кај играчите ќе биде можеби клучен фактор бидејќи само со максимална посветеност може да дојдеме до успех. Нашата шанса ја гледам во нашата поголема ротација, која пак ни дозволува да бидеме пограсивни во дефанзивата, вели младиот стратег за клупскиот сајт на „металците“.

Натпреварот ќе се игра во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17 часот и 45 минути.

Гостите од Гевгелија во моментов водат со 2-1 во меѓусебните првенствени дуели сезонава и во моментов имаат плус седум во кош-количникот, што значи дека на МЗТ Скопје Аеродром ќе му треба триумф со најмалку осум поени разлика во случај на крајот двете екипи да имаат ист број бодови.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он